Beauty трендови за оваа сезона

За сезоната есен-зима 2017/2018 beauty трендовите налагаат да и се препуштите на забавата да ве води низ светките и металик нијансите. Заборавете на мрачните монотони изгледи бидејќи оваа сезона ќе царуваат светликави и студени тонови на сенки како сребрена и сива.

Она што е различно од beauty трендовите од претходните сезони е што овој пат фокусот е ставен врз еднобојните изгледи односно користењето на една боја на сенка преку целиот очен капак. Што се однесува до тренд нијансите на кармини, оваа сезона ќе биде “жешко” со класичната црвена боја како и онаа во боја на крв. Металикот е неизбежен и кај кармините, па за луда вечерна забавата отстапете од комфорд зоната со впечатлива сребрена нијанса.

Истото важи и кај трендовите на маникир. Воглавно оваа сезона неможеме да избегаме од гламурозните светки и металик нијансите. За по неутрален софистициран изглед оваа сезона ни доаѓаат лаковите во сива боја, беж и лаванда.




Коментари

коментари