Категории

Beauty трендови за пролет 2016

bjuti-trendovi-za-prolet-2016-naslovna-810x541

Во прилог прочитајте кои beauty трендови ќе бидат актуелни оваа сезона, а се одбрани од популарните YouTube ѕвезди…

1. Шминка
# Наоружајте се со трепки!

Оваа сезона е модерно се што е впечатливо: пајакови нозе, вештачки трепки…

# Сјајна кожа!

Кожа која делува влажно е супер модерна, но тоа може да биде предизвик за дамите со мешовита и масна кожа. На пазарот има одлични пудри кои и даваат таков изглед на кожата. Плус не заборавајте да набавите течен илуминатор.

# Кармин!

Впечатлива боја на усните секако во целост ќе го истакне вашиот изглед. Па затоа погрижете се во вашиот несесер да имате бордо, кафен или црвен кармин кој ќе ви биде најдобар сојузник. Останатата шминка сведете ја на минимум.

# Пегички…

Ако имате пеги уживајте, природниот изглед на кожата е одличен начин своето лице да го направите да изгледа свежо. ББ или ЦЦ кремите се идеален избор ако сакате нежно да ги прекриете недостатоците, а сепак да ги оставите своите пеги да се гледаат.

# Обојте ги своите очи!

Сведете ја шминката на минимум, а очите обојте ги во јарко жолта сенка во внатрешните агли.

2. Коса

# Коњско опавче

Високо или ниско, ваш е изборот, а ефектот е одличен.

# Фризура “од кревет“

Ако сте дама која сака изглед кој делува како да не сте се труделе и имате “послушна“ коса тогаш ова е совршениот изглед за вас.
Ставете само малку пена на влажна коса и лесно гужвајте ја од краевите кон коренот.

# Залижана коса на сите начини…

Без разлика дали косата ви е пуштена, врзана или во пунџа земете гел за коса  густ чешел и залижете ја.

3. Нокти

# Минималистички дизајн

Ако сакате вашите нокти да бидат впечатливи и на нив да имате шари, обидете се со едноставен и ефектен дизајн. Инаку еден од фаворитите за оваа сезона се кратки нокти во nude боја со по една црна точка при коренот на ноктот.

# Линии на ноктите

По должина или ширина, тенки или дебели…линиите се многу актуелни во моментот. Провиден лак и тенка линија или две се одличен погодок.

Прегледи:
399
Објавено на:
21.04.2016