Категории

Бекам шие фустани за куклите на неговата ќерка

Викторија Бекам на Инстаграм објави фотографија од нејзиниот сопруг Дејвид како шие фустанче за куклата на ќерката Харпер.

– Харпер има татко кој и шие фустанчиња за нејзините кукли. Те сакаме Дејвид, напиша Викторија Бекам.

На фотографијата навистина се гледа како фудбалерот се обидува да сошие фустанче за куклата на неговата ќерка и дека тоа не му претставува никаков проблем.

Дејвид и Викторија се горди родители на три сина, Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер, за која Викторија рече дека и било најубавото изненадување и остварување на соништата.

Прегледи:
299
Објавено на:
28.03.2016