Бела Хадид дизајнираше колекција за бунтовни девојки

Моделот Бела Хадид во партнерство со брендот Chrome Hearts креираше колекција наменета за младата популација и девојките кои сакаат да ја истакнат својата бунтовна нота во својот стил.

Во промотивната кампања секако Бела ја заигра главната улога појавувајќи се во сосема необично светло. Таа ги покажа своите прилично контрастни улоги, во една е во потполност облечена како класична дама во леопард капут и ретро фризура, додека во друга таа е провокативна и забавна девојка.

Колекцијата вклучува накит, аксесоари и облека. “Многу од парчињата се инспирирани од ‘old school’ колекциите на брендот уште во ’90-тите. Јас додадов свој фазон како би ги направила модерни и прифатливи за оваа доба”, изјави Бела.




Коментари

коментари