„Bellina“ нова онлајн продавница на нашиот пазар, за одлична козметика и парфеми

Оваа година имавме прилика да го посетиме 14-тото издание на Fashion Weekend Skopje, кое овој пат се одржа во хотелот Мериот во Скопје.

j

Во холот пред главната сала, беа сместени промотивни штандови од спонзорите на настанот, претежно од областа на козметиката. Меѓу нив, некако највпечатлив и најрепрезентативен беше оној на брендот Bellina – официјален парфем партнер на Fashion Weekend Skopje. Логично поради оваа причина, но и поради исклучително интересната и привлечна палета на производи кои ги нудеа, тоа беше најпосетеното место на настанот.

m

Им пријдовме на вработените на Bellina, со цел малку подетално да се информираме околу овој нов и амбициозен проект. Тимот составен од млади ентузијасти, се одликува со максимална ангажираност, посветеност и професионалност – нешто што не остана незабележано од страна на бројните посетители.

„Приказната за Bellina.mk започна во 2013 година, кога се роди идејата, која низ годините се провлекува како лајтмотив, при развивањето на нашата компанија. Основната цел, ни е да создадеме палета на производи од највисок квалитет, кои ги следат последните светски стандарди, а сепак се достапни за сечиј џеб.“ – ни раскажува Кирил, еден од основачите.

kk

Она што како проект започна во вид на онлајн продавница, продолжува секојдневно да се надградува и развива, со стремеж кон освојување на регионалните пазари и задоволување на потребите на потрошувачите. „Сакаме да им покажеме на македонските потрошувачи, дека и покрај бројните негативни искуства со производи од поефтина ценовна класа, и тоа како е можно да се добие висок квалитет за многу достапна цена. Таа е главната линија врз која се базира нашата бизнис стратегија.“ – вели Стефан, исто така ко-основач на Bellina.

kki

Во моментов производите може да се купат на веб страната www.bellina.mk или пак како нарачки преку социјалните мрежи фејсбук и инстаграм, кои се ажурираат редовно, со доста интересни и интерактивни содржини. „Онлајн продажбата во Македонија сеуште заостанува доста зад Европскиот просек, но сепак охрабрувачки е фактот што трендот е позитивен, и со ова темпо може да се очекува дека за некоја година, онлајн шопингот ќе стане дел од секојдневието на Македонците. Ние со ова сакаме да предничиме во Македонија во нашата област, и сите напори засега се вложуваат во тој правец, а реакциите се доста позитивни.“  – ни објаснува Невена, Менаџер за маркетинг и односи со јавноста.

bhbh

И со право можат да бидат задоволни, бидејќи Bellina.mk во моментов се смета за најбрзорастечка веб страна за онлајн шопинг во Македонија. Стотици корисници веќе се имаат уверено во квалитетот на парфемите од француско производство, а онлајн нарачките од ден на ден се движат во нагорна линија.

Им се заблагодаривме за отворениот и пријатен разговор и им посакавме среќа во нивните идни авантури.




Коментари

коментари