Бездомник започнува нов живот благодарение на оваа жена

Кога човека ќе го допре дното, во очај би направил се за да излезе од таа бездна. Но доколку успее да излезе од таа провалија исполнета со бед и очај, тогаш на сите ни се полнат срцата со среќа и надеж. Таква е приказната и со Бари, „среќниот“ бездомник.

Бари е 65-годишен бездомник од Мелбурн, Австралија кој барал било каква понуда за работа со една и единствена цел – да се повлече од улиците. Со таа цел, тој на плакат ги напишал неговите квалитети и способности и по цели денови седел на улиците, со надеж дека токму тој ден среќата ќе му чукне на врата.

Barry (pictured) was spotted holding a sign requesting a job in Melbourne on Monday when a woman stopped and offered him help and has since found him a job

Среќата се појавила, иако во тој момент тој не знаел дека таа е во ликот на млада девојка која се викала Шерин Џексон. Откако слушнала за неговата приказна, таа го фотографирала и ја објавила сликата на група на Фејсбук, барајќи помош од хуманите луѓе.

Од моментот кога ја објавила сликата, таа разговарала со овластени лица на компании каде што Бари би можел да работи како возач на автобус или камион, со зборовите дека ,Во него има надеж,.

Sherryn Jackson (pictured) stopped to talk to Barry and took a photo and posted it to Facebook on Monday and was inundated with job and accommodation offers

„Ова е многу емоционално, навистина. Од сите тие луѓе што поминаа денес покрај мене, таа беше единствената што навистина застана и ми помогна. Таа е мојот ангел, мојот спасител.“-изјави Бари низ солзи радосници.




Коментари

коментари