Безвременските љубовни стихови и цитати на Ѓорѓе Балашевиќ

Најубавите стихови на Балашевиќ… Уживајте!

„Ѝ пратив дожд. Немојте да се лутите вие кои сте близу до неа, па накиснавте. Таа навистина го сака дождот. А јас сакам кога е среќна…“

„Кукло, ти никаде не си задоцнила. И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.“

„Беше луда и единствена. Непоправлива и безобразно рамнодушна. Посебна. Стравот го криеше зад насмевката, слабоста зад гордоста. Беше некоја која не знаеше да остане на едно место. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. И сите го знаеја тоа, освен ние двајца.“

„Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака, го запаметив засекогаш.“

„Велат дека сите девојки личат една на друга кога чашата се празни до дното… Па добро, можеби една на друга, ама никогаш на неа…“

„Требаше само да најдам некоја која нема да ме потсетува на неа. Погледнав околу себе и се случи чудо. Ниту една не ме потсетуваше на неа како што ме потсети срцето во тој изгубен момент на потрага. Сите глумеа принцези и светици. Веројатно секоја од нив би барала да се однесувам попристојно. Сите тие би барале да ги чувам како капка вода на дланката, да не правам шеги на нивна сметка, би барале да ги водам на некои фини места и слично. А таа? Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се променам, а ме промени. Единствената на која ѝ реков што навистина чувствувам. Не бараше да ја чувам како капка вода на дланката, фактот што ја сакав ѝ беше сосема доволен…“

„Од накит имаше само очи.“

„Таа понекогаш толку убаво се смее. Пет минути во нејзино друштво ми е како да сум добил на лото. Одам по улица како да сум народен херој и за момент се издигнувам над сите згради и во цел свет нема поголемо и посилно суштество од мене. И затоа оние три не ме интересираат. Не би ме интересирале ни да беа триста. Кога ја сакам таа една…“

„И нека небото не ми го земе тоа за зло, ама ти си единственото нешто на кое му се молам…“

„Таа беше орхидеја баш таму каде што тоа е реткост. Да беше некаде каде што врие од орхидеи, сигурно би била некој друг цвет.“

„Само што беше заспала и не сакав да ја будам. Само ја бакнав, посакувајќи ѝ да го сонува сето она кое дојдов да ѝ го кажам.“

„Тешко е кога живееш за денот за кој не знаеш кога ќе дојде, за денот кога пак ќе ја видиш. Тешко е, кога си сам и ти недостига гласот, лицето, допирот, насмевката, кога ти недостига битието која е твоја подобра половина. Тешко е пријатели. Ви посакувам никогаш да не го искусите тоа, затоа што тој бол пријатели, не е за луѓе…“

„Само… бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти…“

„Не ти забележувам. Невозможно е да се возврати олкава љубов.“

„Не се баравме, само се пронајдовме… А сега кога се пронајдовме, како пак да се бараме. Можеби тоа е смислата на љубовта, таа убавина на неизвесноста… Чекање на недочеканото, надевајќи се во безнадежноста, гушкајќи се без прегратки, бакнувајќи се без бакнежи, проникнувајќи си во мислите… И сфаќањето дека сме тука некаде. Толку блиску, а толку далеку…“

„Многу го сакаше, и премногу ако ме прашувате. Мислам дека ни самата не знаеше зошто и како, но го сакаше. Кокетираше со други, да се разбереме, и љубеше други, многу други… Но ја немаше таа искра во очите и таа насмевка на лицето како кога зборуваше со него.“

„Знаеше дека дел од неа засекогаш ќе остане со него. Таму каде што се разделија оној ден, останаа неговата гордост, нејзината тврдоглавост, прошуштената шанса и едно ветување. Имаа сè, а избраа ништо.“

„Сепак, несреќата не е во тоа што таа не помислува на мене, ма како, несреќата е во тоа што јас мислам на неа…“

„Гледајќи како ја гледаат, се затекнав себеси во она чувство кога си многу горд на себе заради некој кој воопшто не си ти. Тоа е мојата девојка…“

„И кога некогаш ќе решам да заминам… Нема да ми недостига ниту твојата насмевка, ниту гласот, ниту погледот. Нема ниту ти да ми недостигаш. Ќе си недостигам самиот себе онаков каков што ти ме правеше да бидам.“

„Не знам зошто од секоја која ја запознавам се трудам да ја направам совршената тебе. И не знам зошто после сè се враќам на твојата несовршеност… Веројатно тоа е љубов, мила.“

„Добро сум, ми недостигаш само понекогаш, најчесто пред спиење. Малку размислувам за сè што било, малку замислувам сè што можеше да биде, а наутро… Наутро, тоа веќе не е важно, тогаш малите нешта ми изнудуваат насмевка. Среќен сум, само што тебе те немам, имам сè друго, немам за што да се жалам, добро сум!“

„Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?!“

„Дотогаш девојките, кога мечтаев за нив, главно ги соблекував до гола кожа. Во моите мали ноќни фантазии беа построени како на систематски преглед, и ретко која успеваше да сочува на себе барем пар црни чорапи, или некое слично перверзно парталче. Таа беше првата на која ѝ облеков нешто…“

„Измисија милион начини да помине времето, а ниеден да се запре. Што се однесува до мене, веќе и не мора да работат на тоа. Ова баш и не се некои времиња за запирање.“




Коментари

коментари