„Биди силна колку што си убава“

Се гледам во огледало дур по лицето ми се тркалаат солзи и си велам: „Погледни се убавице. Вреди ли за него да ти плаче душата? Вреди ли за него да си ваква секој ден? Гледај се во
огледалово и избриши ги солзите. Нека не се тркалаат повеќе по твоето лице. Се сеќаваш ли кога се погледна во огледало и си вети дека веќе нема да си тажна, дека веќе нема да плачеш?

Продолжи да се гледаш во огледалото и таа солза која ти блеска во окото, не испуштај ја. Таа солза која пред малку падна на подот нека биде последна. Биди многу силна како што беше и пред него. Биди силна колку што си убава. Не е важно дали нему си му важна. Важно е да си важна на себеси. Биди силна и нека денес биде последен пат кога се гледаш во ова огледало со солзи воочите.“

 

-Ф.Л.




Коментари

коментари