Категории

Бил Гејтс повторно најбогат човек на светот

Со богатство проценето на 76,6 милијарди долари, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс останува неприкосновено на врвот на листата на 10 најбогати луѓе во светот, листа која ја објавува светскиот магазаин „Форбс“.

Веднаш после него, на второто место со богатство од 67,1 милјарди долари е Амансио Ортега, сопственикот на „Зара“.

На трето место е Ворен Бафет, најпознатиот инвеститор во светот, чие богатство е проценето на 59,9 милијарди долари.

На четврто место се наоѓа Џеф Безос, основачот на „Амазон“, со богатство од 50,4 милијарди долари.

Мексиканскиот тајкун, Карлос Слим се наоѓа на петтото место со богатство од 48,7 милијарди долари.

Основачот на „Оракл“, Лери Елисон со 43 милијарди долари се наоѓа на шестото место.

На седмото место со богатство од 41,6 милијарди долари е Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“.

На осмо и деветто место се нафтените магнати, браќата Кох, Чарлс и Дејвид, и двајцата со по 39,7 милијарди долари.

На десеттото место се наоѓа наследничката на козметичкиот гигант „Л’Ореал“, Лилиен Бетенкорт со 36,5 милијарди долари.

Прегледи:
349
Објавено на:
24.01.2016