Категории

Бизарно: Луѓето и роботите за 100 години би можеле да имаат деца?

Децата во иднина би можеле да имаат мозок со вградена интелигенција, а телата ќе бидат направени од 3Д принтер. Другата опција е користење на нанотехнологија која ќе ги помеша генетските кодови.

Роботите наскоро ќе можат да имаат деца со своите сопственици, предвидува еден од водечките стручњаци на ова подрачје во технологијата. Доктор Дејвид Леви, автор на книгата „Љубов и секс со роботи“, тврди дека ваквата репродукција ќе се случи во иднина благодарение на напредокот во истражувањето на матичните станици и развојот на вградените хромозоми..

Иако не одредил конкретен период кога ќе започне рамножувањето на ваков начин, предвидува дека тоа ќе се случи во наредните 100 години. Конкретно, Леви се базира на истражување од сеучилиште во Охајо, кои неодамна изработиле чип на основа на нанотехнологијата кој може успешно да вбризгува генетски код во клетките на кожата. Леви тврди дека со помош на чип роботот ќе може да го вбризгува својот вграден код заедно со генетскиот код на сопственикот во свој потомок.

Преку манипулација на човековите клетки на кожата ќе може да се направи човечка сперма и јајце клетки, а детето на свет ќе го донесе било која сурогат мајка. Ваква иднина замислуваат и други стручњаци.

Леви пред две години говорел како во иднина ќе можеме да го дизајнираме совршениот робот кој ќе го сметаме за привлечен партнер, љубовник, а можеби и сопружник.

Прегледи:
327
Објавено на:
02.02.2018