Бјело Дугме на 4-ти август во Охрид – Горан Бреговиќ со порака до македонската публика (ВИДЕО)

Горан Бреговиќ со видео порака ги кани сите фанови на BIJELO DUGME, да бидат дел од претстојниот голем open air концерт кој ќе се одржи на 04-ти август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на најголемиот балкански бренд и бенд, Bijelo Dugme во Охрид, нека побрзаат бидејќи интересот за овој концерт во Охрид, како и трите арени во Белград и арената „Борис Трајковски“  во Скопје е голем.
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, на www.kupikartizase.com, како и на повеќе од 20 продажни места во Охрид и Струга.



Коментари

коментари