Блејк Лејвли блесна на фестивалот во Кан 2014

Оваа глумица со својот темно црвен фустан на модната куќа „Gucci“ ги остави присутните без здив.

blake-lively-cannes-2014-

Уште првата вечер на Канскиот фестивал, глумиците и манекенките се појавија на црвениот килим во раскошни тоалети.

Иако филмот на австралијската глумица Никол Кидман, „Grace of Monaco“, имаше чест да го отвори овогодишеното издание на фестивалот, целото внимание, сепак, беше насочено кон Блејк Лајвли чиј што фустан мамеше многу погледи.

 Флуидниот Gucci фустан со необичен крој, од плисиран шифон во боја на вишна и длабок шлиц кој ги откри заносните нозе на глумицата, допринесоа Блејк веднаш да биде прогласена за кралица на црвениот килим.

Ѕвездата на култната серија „Озборувачка“, го потполни изгледот со плетенка која беше крената во висок опаш, а на може да се занемари ниту нејзината блескава насмевка.

blake-lively-cannes-2014-braided-ponytail-hairstyle-w540 blake-lively-grace-of-monaco-premiere-at-2014-cannes-film-festival_4




Коментари

коментари