Блескајте со целиот свој сјај на плажа

Ако ја сакате модата и сакате секогаш да изгледате одлично па дури и кога одите накај плажа, треба да знаете дека шеширот и марамата не се единствено решение.

Постојат многу идеи, а ние денес ќе споделиме неколку со вас.

Лелав комбинезон од лесен материјал не само што ќе и годи на вашата кожа тука и ќе ви помогне да ги засените сите околу вас.

Ќе бидете дама и бохо девојка во едно, ви останува само да пронајдете совршен шешир и големи очила за сонце.

Со краток фустан нема многу место за грешка. Сепак испочитувајте го трендот и облечете некој со карнери и спуштени рамена.

2

Широките панталони може да изгледаат многу интересно и секси.

Струкот задолжително треба да е низок, а ногавиците можат да бидат до подот или расечени на средина.

На горниот дел може да го носите само костимот за капење со шешир и подготвени сте да ја освоите плажата.

Комплет во бохо стил во вид на кратки бермуди и лесен топ со спуштени рамена е нешто што верувајте ќе го обожавате.

Не само што е пријатно за носење туку е идеално и за други прилики освен плажа.

3
Ако пак сакате полежерна варијанта но и поудобна краток памучен комбинезон е одличен избор.

Памучна туника не е исто што и памучна маица.

Важно е ракавите да се долги, а должината да е кратка (колку што може повеќе) и секако не заборавајте да е интересен дезенот.

Всушност, најважно е материјалот да е природен и во него да се чувствувате добро.
4

Наместо класичен долг фустан, одберете долга памучна кошула.

И тоа е тоа, останува само да си поминете одлично.




Коментари

коментари