Категории

Блу Ајви покажа дека покул од Бјонсе и Џеј Зи на доделувањето на Греми наградите

Ако мислевте дека Блу Ајви ги има најкул родители, сепак таа не мисли така. 

6 годишната ќерка на Бјонсе и Џеј Зи беше со нив на доделувањето на Греми наградите, каде беа подршка на Џеј Зи кој беше номиниран во 8 категории. Но малата Блу Ајви покажа дека е покул од нејзините родители, кога во еден момент на давање аплауз ги прекина. Смешниот момент за среќа го улови камерата, како малата со гестикулација им кажува да престанат, па сега целиот свет е воодушевен од 6 годишната ќерка на моќниот пар супер ѕвезди.

Иако Џеј Зи беше номиниран за најдобар рап албум, најдобра песна и албум на годината, тој замина дома без награда.

 

Прегледи:
420
Објавено на:
29.01.2018