Категории

Болно љубоморен или само многу заљубен? Која е разликата?

Кога ќе му кажеш дека го сакаш, не ти верува или бара да му објасниш зошто, освен тоа секогаш се сомнева во твоите мотиви?

Одржување на врска со несигурни мажи е навистина напорно. На прв поглед можеби се чини дека е подобро мажот да е несигурен во себе отколку да е премногу самоуверен, но по овој список на особини кои ги поседуваат несигурните мажи, ќе сфатите дека и не е баш така. Со љубомората и несигурноста, секогаш доаѓа и посесивноста. Колку и да се трудите да му објсните дека нема потреба за тоа, несигурниот маж едноставн не може да размислува поинаку.

Љубомората носи горчина, но постои можност да ја совладате. Шекспир во своите дела ја нарекол зеленооко чудовиште, таа најчесто се однесува на паровите и љубовта, но може да се појави и на било кој аспект од животот. Без разлика на аспектот, љубомората е чувство со кое е тешко да се справите и поради неа се чувствувате лошо, неадекватно, неспособно и на крај, луто.

Во љубовните односи помеѓу партнерите љубомората често зазема место, понекогаш малку, но проблемот настанува кога преку неа се настојува да се оправда љубовта. Разликата помеѓу љубомора и заљубеност е голема, а еве и како да ја препознаете:

Љубомора: Сака да поминуваш време само со него и се лути ког се дружиш со други луѓе.

Љубов: Те сака за себе, но сфаќа дека не можеш баш секогаш да поминуваш време со него.

Љубомора: Секогаш помислува на најлошото кога ќе види дека зборуваш со некого.

Љубов: Ти верува дека си со него бидејќи сакаш да бидеш само со него и не очекува да престанеш да комуницираш со останатите луѓе.

Љубомора: Те проверува „затоа што те сака“.

Љубов: Ти верува затоа што те сака.

Прегледи:
546
Објавено на:
19.03.2018