Божествената колекција на Chanel инспирирана од античка Грција

Во својата нова cruise колекција за 2018, Карл Лагерфилд ги одведе своите обожаватели во античка Грција преку заносните тоалети и целокупниот амбиент кој владееше на сцената во хотелот Grand Palais каде Chanel традиционално ги одржува своите модни шоуа. Неговата идеа за патување низ антиката ја следеа златните, кремасти, беж тоалети со раскошни додатоци и украси, а под нив назираа и високите гладијаторки во бои кои варираа помеѓу класична црна, тиркизно сина, златна и портокалова. Украсите за коса во златни нијанси и лелеавите наметки во целокупниот изглед за миг ја претворија сцената во парада од антички божици..




Коментари

коментари