БРАВО МАКЕДОНИЈА! ГО ОСВОИВМЕ ВТОРОТО МЕСТО ВО НАШАТА ГРУПА

Македонската јуниорска репрезентација во голем стил го совлада Бразил и го освои второто место во групата “Ц“.

По два едноподруго порази, за кои стравувавме дека ќе ја нарушат атмосферата во нашата репрезентација, денеска ја видовме Македонија во полн сјај, видовме игра со која целосно го надигравме Бразил.

Македонија одигра фантастичен натпревар во кој водевме во текот на најголемиот дел од времето. Бразил беше принуден постојано да брка негатива, што секако беше голем товар за ракометарите на нашиот противник. Највисоката разлика во првото полувреме ја стекнавме во 27. минута, кога поведовме со резултат 13:9. Првото полувреме заврши со резултат 14:11.  Македонија во овој период одигра одлично во одбраната, а нашите високи играчи беа вистински бедем пред голот на Томовски.

Вториот дел почна помалку несреќно за нашата репрезентација. Тунис покажа голема желба да ја достигне нашата предност и постепено и успеа во својата намера. Во 49. минута нашиот противник го израмни резултатот, а во 51. минута го забележа и своето прво и последно водство. За среќа ова не го наруши ритамот на нашата селекција, која брзо го врати водството, а потоа ја достигна и својата највисока предност на средбата, +5, 28:23. Со овој резултат заврши оваа исклучително важна средба.

Со освојувањето на второто место, Македонија постигна огромен успех, а успеа и да ги избегне двете најсилни репрезентации во групата “Д“, Хрватска и Исланд. Сепак, во осминафиналето не чека сериозен противник – домаќинот на првенството Алжир. Ако ја минеме и оваа пречка, тогаш во полуфиналето најверојатно ќе налетаме на силната Франција.

 

Македонија – Бразил 28:23 (14:11)

Македонија: Томовски (5 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Лазаревски, Димитриоски, Нелоски 1, Танкоски, Велковски 6, Шилегов 5, Петровски, Талески 7, Кузмановски 4, Крстевски, Џонов, Палевски 1 и Арсеновски 4.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 10 минути.




Коментари

коментари