Бразилски орев за добро здравје и расположение

Бразилскиот орев е јаткасто овошје, кое е богато со витамини и минерали. Содржи значителни количини на железо, калциум,  витамин Е, витамин Б1, големо количество на фосфор, магнезиум и манган. Но сепак, најзначајно е огромното количество на селен.

Селенот е најсилен антиоксиданс. Тој е заштитник на човековите клетки од штетното агресивно дејство на таканаречените слободни радикали и другите штетни агенси. Ако со храната внесуваме оптимални количества селен, се подобрува расположението и општата здравствена состојба. Исто така, селенот е важен и за функционирање на штитната жлезда.

Но пред да посегнете по бразилски ореви треба да го знаете дека бразилскиот орев содржи голема количина на селен. Само еден бразилски орев во просек содржи 90 мг селен, што е речиси двапати повеќе од препорачаната дневна доза за одржување на потребите на организмот.

 

A post shared by Bako (@bakozdravahrana) on

Доколку се консумира често и во големи количини, може да се појави токсичност на селен, која може да доведе до опаѓање на косата, стомачни тегоби, невролошки проблеми, вртоглавици, па дури и до срцев удар или откажување на бубрезите.

Затоа, за добро здравје и добро расположение и енергија доволен е по еден бразилски орев на ден.




Коментари

коментари