Категории

Бред Пит во врска со најубавата европска принцеза?

Актерот Бред Пит е виден со принцезата од Монако, Шарлот Казираги во еден музеј во Лос Анџелес и веднаш тргнаа гласините дека тие се најубавиот пар во историјата на шоубизнисот.

Австралискиот магазин „Њу ајдиа“ објави дека Бред (51) и Шарлот (31) се во романтична врска, наведувајќи дека еден посетител на музејот изјавил оти актерот делувал сосема опуштено.

Бред веднаш ја демантираше оваа шпекулација, велејќи дека наводите се неточни, но времето ќе покаже кој ја зборува вистината.

Неговиот живот откако се разведе од Анџелина е под лупа на јавноста, па честопати го поврзуваа со различни актерки.

Инаку, Шарлот е внука на Грејс Кели.

Прегледи:
334
Објавено на:
19.11.2017