Брендот “M&S” изненади со симпатична реклама (ВИДЕО)

Компаниите веќе започнаа со натпреварот за објавување на подобра и поинтересна реклама по повод претстојните празници.

Познатиот бренд за облека “M&S” изненади со многу поинаква реклама, која најмногу ги изненади децата, затоа што нивниот омилен анимиран лик Падингтон е главна ѕвезда на рекламата.

Во рекламата која трае 90 секунди, мечето Падингтон наидува на крадец, за кој мисли дека е дедо Мраз. Се решава да му помогне да ги достави подароците кои самиот ги украл, а кога ќе забележи колку се среќни семејствата, ја сфаќа својата грешка, а Падингтон го наградува со својот сендвич со мармалад што секогаш го крие под шеширот.




Коментари

коментари