Категории

Бритни Спирс лансира нов парфем – 20ти по ред

Поп-принцезата Бритни Спирс како што популарно ја нарекуваат во музичкиот џет сет, наскоро лансира нов парфем насловен како “Private show” со што ќе го прослави јубилејот на 20ти издаден парфем. Музичката ѕвезда последните години се соочи со мали неуспеси кога беа во прашање нејзините нови синглови, но очигледно дека во светот на парфемите таа е непокорлива кралица.. Новиот парфемер ќе ги содржи омилените мирисни ноти на пеачката – клементин, нектарин, мошус, цвет од портокал, јасмин, аргентинскиот десер dulce de lece te, и за крај ледено кафе.

Taa зa својата колекција парфеми изјави дека нивното создавање е нејзина пасија повеќе од 10 години. Секој парфем прикажува различна страна од мене – изјави пеачката. За овој парфем таа изјави дека ќе ги застапува нејзините успези на и позади сцената, и овој моќен но сепак нежен мирис да им послужи како мотивација и инспирација на нејзините фанови никогаш да не се откажуваат од своите соништа..

Според пеачката овој парфем е унисекс и е наменет и за мажи и за жени. Во продажба ќе биде пуштен во месец Јули оваа година а се смета дека цената ќе изнесува 52 американски долари.

hero-Britney-Spears-Private-Show-

Прегледи:
373
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.07.2016