Бруклин Бекам со нова тетоважа во чест на неговата мајка Викторија

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, 18 годишниот Бруклин, објави фотографија на својот инстаграм профил од нова тетоважа. 

Тетоважата е во чест на неговата мајка и има испишано „MUM“ на срце со три ружи. Бруклин првата тетоважа ја ставил минатата година во април, а оттогаш ова му е осма тетоважа.

Познатиот тату артист од Лос Анџелес, Dr Woo, е „виновникот“ за неколку негови тетоважи досега, а одговорен е и за последниот дизајн на синот на славната двојка.

 




Коментари

коментари