Категории

BRYAN FERRY ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА- 9-ти СЕПТЕМВРИ 2018

Човекот наречен „King of the cool“- BRYAN FERRY доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум “Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога слават 25 години од постоењето, на 9-ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда!

Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.

Во периодот до 20-ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070/260-350 и 078/365-245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!