Со чај од магдонос до чисто лице

Магдоносот е природен лек кој содржи бројни витамини и минерали, како и есенцијални масла со висок степен на калиум и манган. Се користи за лечење на треска, болести на уриналниот тракт, дијабетес, воспаление на очите, а најпознат е по тоа што го чисти лицето од акни, пеги, митесери и други кожни проблеми.

Тој се користи и орално и локално, секој ден препорачливо е да се пие 1-2 шолји свеж чај од магдонос а исто така се користи и како лосион на лицето во комбинација со лимон.

Начин на припрема на домашниот лосион од магдонос:

Во свежо подготвен чај од магдонос додадете 2 лажици лимонов сок, смесата ставете ја во шише и чувајте ја во фрижидер. 2 пати на ден ставајте облоги на лицето.




Коментари

коментари