„Чекор до крајот“

tumblr_muq2ihlX0o1sp76hoo1_5000-8368-6965

Отсекогаш сум го откривала значењето на некои моменти дури одкако ќе поминеле, кога ќе останеле едно убаво сеќавање. Дури сега сфаќам колку некогаш сум била среќна. Колку ми била на дофат љубовта за која сум мечтаела, и само за колку мала незначајност сум ја изгубила личноста која ми била се. Некогаш тие моменти беа сегашност, ги живеев без никаков страв зошто ги имав во рацете. Ја имав зауздано љубовта која ме болеше и мислев ништо нема да може да ме сопре, овој пат ќе ја живеам по мои правила. А сега кога тие моменти се минато сфаќам колкаво било нивното значење, само колку мал чекор ме делел да бидам среќна. Само еден скок преку вирот на гордоста кој кој ме делеше од него, а јас избрав да згазнам и да се удавам во неколку капки вода. Но таков е животот.. Човек препливува мориња но на крај се дави во грст вода.

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари