Категории

Четири шолји кафе на ден можат да ви го продолжат животот

Дозволете си уште една шолја кафе бидејќи одредени истражувања покажаа дека зголеменото консумирање на кафе го намалува ризикот од смрт. Една студија покажа дека луѓето кои редовно пијат кафе живеат многу подолго.

Оние кои пијат до 4 шолји кафе на ден, имаат дури до 64% помал ризик од смрт, од оние кои никогаш или многу ретко го консумираат.

Исто така, учесниците над 45 години имаат 30% помал ризик од смрт со пиење две дополнителни чаши кафе. Истражувањето вклучило околу 20.000 луѓе во Шпанија, кои во просек биле следени 10 години. Претходните истражувања покажале дека кафето може да ја подобри функцијата на црниот дроб, да го намали воспалението и да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Кафето содржи голем број на соединенија, вклучувајќи кофеин, дитерпен и антиоксиданти кои научниците веруваат дека придонесуваат за подобра функција на телото.


Поради сите овие причини експертите препорачуваат да се пие многу кафе, кое добро влијае и на срцето, па затоа дефинитивно е добра идеја да пиете околу четири чаши дневно. Но, најважно од се е да консумирате квалитетно и проверено кафе, а за аромата, вкусот и содржината изборот останува на вас. Кога зборуваме за најдоброто кафе на нашите простори секако дека мислиме лидерот на пазарот Интерфуд – докажана компанија која веќе 13 години е дел од нашето секојдневие. Нудејќи најголем избор на кафиња и кафемати, Интерфуд го разубавува и продолжува секој ден од нашиот живот.

Прегледи:
381
Објавено на:
29.08.2017