Категории

Чизмите над колена се MUST-HAVE за сезоната есен/зима

Чизмите над колена веќе неколку студени сезони со ред владеат со модниот свет. Кога е во прашање претстојната сезона есен/зима ќе се истакнат неколку видови модели.

Оние од велур повторно ќе бидат на врвот на најпопуларните, додека како нијанси ќе доминираат класичните црни, сивите и крем бежовите. Омилените комбинации на трендсетерките и блогерките се оние со лелеави фустани и плетени туники, како и здолништа со А крој.

Прегледи:
399
Објавено на:
27.08.2017