Чоколадни пралини со путер од кикирики и џем

Овие пралини се прават многу едноставно, па доколку се одлучите да ги направите нема да ви одземат многу време.

Може да ги полните со крем, мармалад или џем по избор и крцкаво чоколадо и добивате одлична комбинација. Доколку додадете портокал за киселкаст вкус, пралините ќе бидат уште повкусни.

Потребни состојки:

  • 4 лажици путер од кикирики
  • пола лажица екстакт од ванила
  • 1 лажица шеќер во прав

За прелив употребете:

  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици мармалад или џем по желба

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки обликувајте ги во вид на топчиња и почекајте да се оладат. Валкајте ги во мармалад или џем по желба. Стопете го чоколадото па во него внимателно ставете ги топчињата. Оставете ги на ладно место за да се стврдне чоколадото. Пред послужување оставете ги на собна температура.

 




Коментари

коментари