Човече, да ти кажувам..

Човече, да ти кажувам..
Не знам оваа некоја епидемија влезе во животецов мој. За три ноќи со глупави срања се наполнив, до гуша сум, излез не гледам. Ми вика и хороскопов: „Ви се зголемуваат додворувачите“. А кој додворувачи, жити сè? Еден девојката си ја вара, друг од мене чуда бара, трет во досада ме тоне. И после „зошто сум била сама, а така убава“? Па што знам, ако треба и три животи вака ќе протуркам, ама со расипан не се расипувам. И неќам како потпис на нечија листа да се гледам, па Бог да чува, не се избори ова па да ме заокружи некој сељак. И ми велат на кафе, расеана си. Абе никако оваа расеаност моја да помине. Таман една корпа делам, морам контенјер да спремам. И не е дека јас сум пребирлива, луѓето не чинат. Не дека љубов не ми треба, само ја нема. Кај да барам љубов во овој отпад на стара навика? Слободна ќе си бидам. Расеана ќе си бидам. Што знам, ни убаво ни грдо не е. Фала Богу што мисливе да ми ги читаат не знаат. Таму сите по еден куршум добиваат. Поштен, за памет, за ум! Не, јас не сум ладнокрвна, не ме сфаќај погрешно. Само од крвта на другиве си патам и јас денес. Од крвта отруена, со лаги измешана, со неверства исполнета. Љубов барате? Што барате бе љубов кога не знаете да ја давате? При девојка златна покрај тебе кучка рѓосана шеташ? Кај ќе те сака после некој, брат. Ќе се откаже, човек е. Никој не е осуден цел живот „лајната“ да ти ги брише. Извини на искреноста, ама јебига.. Овој муабет веќе ми е клише.

-Кристина Цонкинска, 2015




Коментари

коментари