Creative Hub формираше Академија за Бизнис Професионалци

„Од почетокот на новата година ќе се исхранувам поздраво!“
„Од почетокот на новата година ќе почнам редовно да вежбам!“
„Од почетокот на новата година ќе… се запишам на академија во Creative Hub!“

Колку цели си поставивте за претстојната 2018 година? На колку од нив навистина ќе почнете да работите? Сега е вистинското време да направите нешто за себе и да почнете да ги надоградувате вашите вештини!

Центарот за неформална едукација – Creative Hub ја започнува новата година со две нови академии: Академија за Маркетинг и PR и Академија за Графички Дизајн.
Академијата ќе биде во времетраење од 4 месеци за бизнис професионалци.

“Доколку се веќе вработени и сакаат да го надоградат своето знаење, Creative Hub овозможува склучување на договор за вработени со 10% попуст и за само 26 ЕУР месечно на 36 рати без камата. Повеќе информации за плаќањето можат да се добијат на следната емаил адреса: contact@creativehub.mk “ раскажува Филип Манојловски од Creative Hub.

Тимот на предавачи е составен од многу искусни и познати професори како проф.д-р Горан Биџовски, Александар Георгиев, проф.м-р Билјана Северинова, експерти од област како Сергеј Зафировски, Радмила Павловска а во преговори сме и со многу други познати и докажани експерти.

Програмата на академијата може да се погледне на веб сајтот: http://www.creativehub.mk
и е предвидено да започне на 15 фебруари. Сите часови ќе бидат после 17 часот, за да им одговараат на лицата кои сакаат да го надоградат професионално своето знаење.




Коментари

коментари