Роналдо повторно се соблече – овој пат за CR7

Најдобриот фудбалер на светот , Кристијано Роналдо (30), сними нов едиторијал за кампања за долна облека која веројатно ќе остави без здив милиони негови обожавателки ширум светот.

Португалецот облечен само по боксерки позира на кревет, покажувајќи ја по кој знае кој пат својата извајана фигура и совршено обликувани стомачни мускули.

Роналдо на овој проект соработувал со познатиот њујоршки дизајнер Ричард Чаи. Тие двајца првпат соработуваа во 2013 кога го лансираа брендот на фудбалерот – „CR7“.

Популарниот Кики уште еднаш потврди  дека е успешен на сите полиња во животот откако на почетокот на годината ја освои Златната топка, а овој викенд го постигна на 300-от погодок во дресот на „Реал Мадрид“.

Сега повторно учествувал во модната кампања која сигурно ќе му донесе нови милиони.

Иако во љубовта не му цветаат рози и неодамна ја раскина неколкугодишната врска со манекенката Ирина Шајек, се чини дека ниту таа нема да остане рамнодушна на овие фотографии.




Коментари

коментари