Категории

„Да ја рашириме празничната магија“…ова не смееме да го заборавиме оваа празнична сезона!

Оваа празнична сезона не смееме да заборавиме да ги направиме празниците потопли, повесели и да помогнеме онаму каде што е тоа потребно. 

Покрај обезбедување на неопходни средства за секојдневен квалитетен живот, на децата им треба и забава, па по тој повод Alikas wedding and event center и СОС Детско Село Македонија, помогнати од многу компании, оваа среда, на 13-ти декември организираат предновогодишна забава за децата од детското село, за да се прошири празничната магија и што повеќе луѓе да се вклучат и да го дадат својот придонес во СОС Детско Село Македонија.

Додека за децата е организирана забава, со игри, магионичар и музика, до општеството се испраќа порака и се буди свеста за хуманост. Да не заборавиме овие празнични денови на децата, воедно да не заборавиме и на сите ранливи групи на кои им треба помош од општеството.

Организаторите имаат подготвено пријатна предновогодишна атмосфера за децата, а до сите оние кои можат да помогнат се упатуваат тоа да го сторат во СОС Детско Село, за што повеќе информации може да добиете на следниот линк.