Категории

ДА ПОМОГНЕМЕ: Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош. Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба. Државните институции и социјалните служби сè уште немаат слух за лицата како Киро, кои, за жал, ги има во голем број во Република Македонија.


Пасков е неспособен за работа и со оглед на тоа, не е во можност да си обезбеди подобри услови за живот. Оставен на милост и немилост, заборавен од општеството, гладува со денови, a малата планинска река, како вистински човек од дивината, ја користи за пиење и одржување лична хигиена.

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191

Прегледи:
465
Објавено на:
22.02.2018