Категории

ДА ЖИВЕЕШ И ДА СЕ БУДИШ СЕКОЕ УТРО СО ПОМИСЛАТА ДЕКА СИ ПОТРЕБЕН НЕКОМУ, ТОА Е НАЈУБАВОТО ЧУВСТВО

Да живееш и да се будиш секое утро со помислата дека си потребен некому, тоа е најубавото чувство. Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли.

И секој пат кога ќе ги осетам пеперутките во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа. Љубовта е нешто чудно и мало кое ни се врти во умот. Нешто што не можеме да го избркаме лесно. Најважна е убавината на љубовта, за која доколку вреди, се ризикува и животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични?

Започна со мелодијата на пријателството, а заврши со песната на љубовта. Љубовта за мене е една песна, но без крај. Љубовта не знае за граници. Живееме во свет на бои, но им придаваме мало значење. Веројатно и самите сте забележале дека одредени бои влијаат врз вашиот живот. Несвесно на тие бои ние им даваме вредност. Тие бои кои немаат ни најмало значење во нашиот живот. Во суштина нам не ни се баш и потребни. Како од нас да го туркаме она што би не направило среќни. Некако како да дозволуваме дел од боите да преовладуваат, пред онаа боја која нам всушност би ни донела убавини во нашите животи. Се однесуваме како да не знаеме да ја почувствуваме среќата која го прави животот подобар, посреќен и поисполнет. Зад сите тие убавини се крие црвената боја, бојата која ја карактеризира љубовта. Црвената боја на љубовта е онаа која умее да направи да се чувствуваме волшебно, сакано и почитувано. Таа е она нешто кое секој ден прави да се разбудиме со насмевка на нашите лица, а притоа да умееме и на луѓето околу нас да им го направиме денот посреќен и поисполнет. Ние луѓето во нашите животи треба да ја ставиме оваа боја пред сите останати бои кои постојат. Од тој ден откако ќе го направиме тоа ќе почнеме да разбираме која е онаа убавина која животот ни ја дава, она чувство на топлина кое може да го почувствува само човек кој љуби. Тоа е човек кој не е сам. Човек на кој таа топлина му е возвратена, со еден збор, тоа е среќен човек. Сите ние сме производ на љубовта помеѓу две лица кои одлучиле животот да го поминат заедно, а така сплотени умеат да поминат низ препреките со кои се соочуват секојдневно. Затоа, потребно е луѓето насекаде во светот да и дадат предност на оваа боја, која би ја нарекла и боја на среќата. Зошто да не го обоиме светот со црвена боја? Зошто да не го направиме светот подобро место за живеење? Зарем тоа е толку тешко? Се разбира дека не. Би сакала сите да умееме да сакаме и се разбира таа љубов да ни биде возвратена за и ние да бидеме сакани. Дури тогаш ќе ја почувствуваме среќата во нашите животи, ќе научиме како да бидеме секојдневно насмеани и ќе знаеме како да живееме наместо да преживуваме.

Тамара Костадинова

Прегледи:
464
Објавено на:
04.04.2017