Дајте им ја среќата на другите и вие ќе ја добиете вашата, тоа е смислата на животот

На еден семинар на кој учествувале околу 50 луѓе, предавачот неочекувано го прекинал своето излагање и им предложил сите заедно да направат една групна активност.

Им поделил балони, на секој учесник по еден и притоа ги замолил на балонот со маркер јасно да го напишат своето име. Потоа ги земал балоните и ги ставил во друга просторија. Ги замолил учесниците да влезат во другата просторија и да го пронајдат балонот со своето име. Во рок од 5 минути! Луѓето веднаш тргнале кон другата соба и направиле општ хаос. Се туркале меѓусебно, се газеле и влечеле. Секако, никој за толку кратко време не успеал да го пронајде балонот со своето име.

По 5 минути…

Предавачот им кажал на сите учесници случајно да изберат некој балон и да го дадат на лицето чие што име е напишано на него. За 5 минути, сите учесници во рацете го држеле балонот со своето име. Тогаш предавачот го продолжил своето предавање – „Точно ова се случува во животот! Сите ние сме во постојана манична потрага за својата среќа не знаејќи каде точно таа се наоѓа. Бараме, бараме, бараме. Нашата среќа многу често се наоѓа во нечии други раце. А ние пак, многу често во нашите раце ја држиме туѓата среќа. Дајте им ја среќата на другите и вие ќе ја добиете вашата. Всушност, тоа е смислата на животот“.

Фејсбук објава на Бојана Стојменовиќ




Коментари

коментари