Категории

Дакота Џонсон во урбана оаза го претстави парфемот Gucci “Bloom”

Августовскиот број на списанието Harper’s Bazaar вклучува интервју со модниот алхемичар Алесандро Мишел, во кое тој ја откри својата инспирација зад новиот парфем на брендот Gucci – “Bloom”, неговиот прв парфем кој го креира откако ја за зеде позицијата на креативен директор.

“Размислував што би се случило доколку млада девојка отиде во градината на својата стара баба, и таму има многу цвеќиња и овошје и се наоѓа во центарот на градот”.

Тимот на Bazaar одлучи сето тоа да го претвори во мини едиторијал кој ја вклучува и главната ѕвезда на парфемот, актерката Дакота Џонсон која беше избрана за негово заштитно лице. Едиторијалот вклучува магепсувачко шаренило каде Дакота позира во парчиња од  најновата колекција на брендот во придружба на моделите Хари Неф и Петра Колинс.

Прегледи:
265
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
21.07.2017