Дала отказ во банка на Вол Стрит за да стане порно актерка

Пејџ А. Џенингс, со уметничко име Вероника Вејн, се откажа од работа во една банка на Вол Стрит за да се обиде да изгради кариера како порно актерка.


“Јас само се откажав од својата работа за да станам порно актерка бидејќи во банката не можев да престанам да мастурбирам”, напиша таа на својот Твитер.

Во интервју за BroBible, Џенингс рече дека не очекувала дека нејзините колеги ќе ги најдат разголените фотографии, со оглед на тоа што профилот на Твитер и е со сценското име.

“Шефот ми се јави на телефон. Имав прилично добра репутација за интелектуалка и сите беа свесни за тоа. Сепак, не беа во можност да ме прифатат назад откако сите ме виделе гола.

Решив сама да си дадам отказ пред да ме отпуштат”, изјави за BroBible, изразувајќи надеж за успех на својот прв порно филм кој сака да го сними за компанијата The Sex Factor.

Претходно работела како стриптиз танчерка, но, како што вели таа, во тоа не видела шанса за успешна кариера.




Коментари

коментари