Дали би поминале преку овој ходник кој пропаѓа?

На прв поглед ќе ви делува дека не е баш безбедно да се помине овој ходник, бидејќи тој од едната страна пропаѓа.

Всушност страната која пропаѓа е совршено рамна и станува збор за една интересна оптичка илузија. Оваа дури и наградувана илузија се наоѓа во Casa Ceramica во Манчестер, Англија, а се состои од 400 специјално изработени парчиња.

За да го создадат влезот како од приказните, Casa Ceramica го ангажирала локалниот артист Myro Doodles  рачно да нацрта изреки од славни бајки како на пример од Roald Dahl во Willy Wonka и поемата на Tony Walsh “This is The Place,” во помен на жртвите од нападот во Манчестер во мај годинава.

 




Коментари

коментари