Дали доколку си поинаков не можеш да се избориш да бидеш еднаков?

Однесувајте се кон другите онака како што сакате тие да се однесуваат кон вас – оваа мисла ни е позната, но дали ја применуваме? Во светот на различности, каде што секојдневно се повеќе се бориме за еднаквоста во секоја сфера, дали доколку си поинаков не можеш да се избориш да бидеш еднаков со другите?

Секој поединец со доволно развиена свест разбира дека убавината на животот е во различностите. Токму и тоа е суштината на мотото на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја – „А зошто да не сме поразлични“?

Секој живот вреди подеднакво и затоа од исклучително значење е потребата сите да ги уживаме истите права. Лицата кои страдаат од хендикеп заслужуваат да ги почувствуваат сите убавини на животот како и сите останати луѓе. Поинаков не значи и помалку вреден, послаб, понесреќен.

Токму убавината во различностите, беше повод за едно прекрасно дружење и уживање во сите убавини кои ги нуди Hotel Russia Spa & Beauty за членовите на здружението „Дајте ни крилја“.

Hotel Russia Spa & Beauty три денови ги отстапи своите простории за овие прекрасни луѓе да поминат незаборавни мигови исполнети со многу забава и физичка активност, а за тоа говорат насмеаните лица на сите оние кои присуствуваа.

Го поздравуваме овој гест на Hotel Russia Spa & Beauty со надеж дека во иднина ова ќе биде поттик за многумина и се почесто ќе бидеме сведоци на слични настани.




Коментари

коментари