дали полица полна со трофеи значи дека вашето дете е најдобро? Како да се поттикне здрав натпреварувачки дух?

За некои родители зборот натпреварување е неприфатлив. Не само што натпреварувањето им прави притисок децата да бидат најдобри, туку и им создава непотребен стрес и ги остава децата разочарани ако не ги постигнат посакуваните резултати.

За да ги заштитат своите деца од разочарување, многу мајки и татковци или ги прогласуваат сите за победници или избегнуваат наигри со натпреварување. Но дали полица полна со трофеи значи дека вашето дете е најдобро? Не мора да значи. Експертите за детски развој посочуваат дека малку здраво натпреварување може да биде добро за децата. Активностите во кои има натпреварување им помагаат на децата да развијат важни вештини кои ќе им користат кога ќе бидат повозрасни.

„Натпреварувањето им помага на децата да разберат дека успешните луѓе не се оние што се најдобри и најбистри, туку оние што работеле многу и оние што се трудољубиви“, вели доктор Тимоти Ган, специјалист по детска психологија.

Тој додава дека децата што учествувале во натпреварувања се стекнуваат со социјални вештини поради интеракцијата со други дец, а истовремено учат што значи на потежок начин да се изгради самодоверба.

Уште една позитивна страна од учеството на разни натпревари е тоа што го подготвувате вашето дете да биде добар тимски играч.

„Многу игри ги вклучуваат децата како тим што треба да реши соодветен проблем или загатка, а на тој начин децата учат како да работат за општо добро на групата“, вели Ронда Клостерман наставничка по физичко воспитание во основно училиште во Лонг бич, Калифорнија.

Основно е да се создаде здраво и конструктивно натпреварување. Ако децата се вклучени во конструктивен натпревар тие може да побараат повторно да бидат вклучени. Тие можеби ќе научат нови вештини и ќе посакаат да бидат подобри во некои активности, можно е да добијат поголема самодоверба.

Спротивно на ова ако децата се вклучени во нездраво натпреварување можат да одбиваат да учествуваат, да лажат дека се болни, да почнат да се однесуваат депресивно или да станат вознемирени, а можно е да изгубат и апетит.

Повеќето од децата со натпреварувачки дух најчесто пред некој настап или тест знаат да бидат вознемирени, но тоа не значи дека таквото однесување ќе им влијае и во другите аспекти од нивниот живот.

Да се изгуби натпревар или да се изгуби медал, некои деца тешко ги доживуваат овие проблеми, но родителите имаат моќ да им помогнат на нивните деца за да развијат здраводнос кон натпреварувањето. За почеток родителите треба да ги поддржуваат нивните деца што одлучиле да учествуваат во групно натпреварување со цел да постигнат заедничка цел.

Обидете се да бидете секогаш присутни кога на вашето дете ќе му биде потребно охрабрување, а посочете му дека е во ред и некогаш да се изгуби, но треба од секоја ситуација да се извлекува поука.

Многу е важно и родителот и детето да разберат дека најголемиот противник на детето е самото тоа. Во суштина детето се натпреварува со самото себе и ги поместува границите на сопстената личност.

Наместо да го осудувате вашето дете зашто пристигнало на целта последно, потсетете го дека во суштина тој резултат е многу подобар од неговото последно трчање во однос на времето. Во суштина детето треба да научи дека не се натпреварува само со другите деца туки и се натпреварува со самиот себе. Како резултат детето наместо да искуси неуспех тоа искусува успех.

Бреинобреин Европа




Коментари

коментари