Категории

Дали разликата во години влијае на врската?

Кога станува збор за годините и љубовта, тогаш нема правила. Но, според резултатите од најновото истражување, големата разлика во години не резултира со среќен крај.

Според студија спроведена на Универзитет Емори во Атланта, колку е поголема разликата во години меѓу партнерите, помали се шансите врската да успее.

Во истражувањето учествувале 3.000 луѓе. Резултатите покажале дека паровите со разлика од пет години имаат 18 проценти повеќе шанси да се разделат отколку паровите на иста возраст.

Во врските во кои разликата е десет години паровите имаат 39 проценти да се разделат, а врските во кои разликата е 20 години и повеќе се осудени на пропаст.

Истражувачите сметаат дека идеалната разлика во години меѓу партнерите е една година.

Извор: Кајгана

Прегледи:
302
Објавено на:
15.05.2017