Дали вие би ја отстраниле оваа лузна од вашето тело?

Сите имаме свои несовршености и несигурности, но најдобро е да си ги прифатиме и да живееме со нив.

Младата Кајли Џенер, која честопати беше на мета на жолтиот печат заради шпекулации за пластични операции, кои таа ги негира, овој пат вели дека ќе си ја носи лузната и не би ја отстранила.

I love my scar

A photo posted by Kylie (@kyliejenner) on

Таа пред некое време објави фотографија со нејзината лузна, велејќи дека си ја сака, но неодамнешното појавување на модната недела во Њу Јорк покрена нови реакции, а таа е на истиот став „Си ја сакам, таа ме прави тоа што сум.“

Имено, Кајли објаснува дека ја има лузната од 3 годишна возраст додека играла жмурка со нејзината сестра, а иако постојат начини таа да биде помалце видлива или да се отстрани, таа одбира гордо да ја носи.

Matching with day 1 @stassiebaby

A photo posted by Kylie (@kyliejenner) on




Коментари

коментари