Категории

Дамите во овој хороскопски знак најтешко пронаоѓаат љубов

 Ако прашате астролог, тој ќе ви каже дека хороскопот може да открие многу аспекти на нашиот живот.

Меѓу нив е и нашата способност да се дадеме во врската, да го одржуваме бракот и да го одбереме партнерот. Додека на некои им е лесно, други многу тешко ја пронаоѓаат личноста која им одговара.

Токму дамата во хороскопски знак Јарец е од оние кои имаат проблем со пронаоѓање на својот партнер.

Тоа е така бидејќи нејзиниот однос спрема животот е реален. Таа ја сака постојаноста, а ги почитува само оние луѓе кои имаат извесни вредности кои се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни и безвредни ситуации.

Презира празни муабети. Голем реалист е и умее точно да го процени следот на поединечни случувања, а меѓу другото е одличен организатор.

Во работата како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Работи дискретно и вредно. Самотијата е местото каде го наоѓа својот мир.

За дамата Јарец не може да се каже дека е премногу голем оптимист, а животот за неа не е нешто многу сериозно.
Од партнерот не очекува многу и не верува во чуда. Кога ќе добие некаква сатисфакција не ја прима како обврска туку како подарок. Таа не е лесна за освојување па затоа љубовта не може да наиде како гром од ведро небо.

Жената во знак Јарец ретко доживува голема љубов. Кога сака или подобро кажано кога ќе одлучи тоа да го признае, тоа обично се случува по долго познанство со некој маж. Љубовта кај неа бавно и ретко се раѓа.

Кога ќе се одлучи да се врзе за некој тоа е за цел живот. Ниту времето нити долгите прекини не можат да ја пореметат нејзината љубов.

Прегледи:
560
Објавено на:
23.05.2016