Категории

Даниел Кајмакоски како Џибони во шоуто „Твоето лице звучи познато“ (видео)

Започна третата сезона на шоуто со хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“. Минатата сезона се натпреваруваше Елена Ристеска, како претставничка од Македонија и го освои второто место.

Оваа година палците ќе ги стискаме за омилениот Даниел Кајмакоски, кој е новиот учесник од Македонија. За својот прв настап  во шоуто Даниел настапи како Џибони, со песната  „Миракул“ за што доби позитивни критики од членовите на жирито. Предизвикот за нашиот претставник во следната епизода ќе биде песна од светската музичка ѕвезда Бруно Марс.

https://www.youtube.com/watch?v=kure9pq13pg