Категории

Денес се дочекува Кинеската Нова година. Кој е вашиот знак според кинескиот хороскоп?

Додека ние ја дочекуваме Новата година на полноќ помеѓу 31-ви декември и 1-ви јануари, Новата година за Кинезите е секоја година на различна дата. Оваа година, Кинезите 2018 ја дочекуваат на 16-ти февруари и ја претставува „годината на кучето“.

Жолтото куче ќе биде широкоградо кон сите! Ова ќе биде година на луѓето кои се верни, одговорни и насочени кон целта. Кучето не е едноставно суштество. Тоа е дарежливо само кон оној кој околу себе шири мир и хармонија кој заслужува почит и доверба, кој им помага на другите.

Кучето ги цени директноста и соочувањето со тешкотиите. Секој од нас ќе почувствува позитивно влијание во 2018година. За многумина оваа година ќе стане почетна точка на новиот, помирен и посреќен период.

Според азиската астрологија, вашата година на раѓање и животното кое ве претставува го одредува вашиот карактер и судбина. Оваа табела ќе ви помогне да проверите кој е вашиот знак според кинескиот хороскоп: