Денеска е Преподобна Теодора – мажите треба да сторат една работа

Преподобна Теодора првин живееше брачен живот. Но, се случи така што самата се излажа, па го измами својот маж  со некој друг човек. Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор. А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот.

Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата. Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години. По нејзината смрт, игуменот виде дека Теодор е жена. Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината смрт дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година.

Според верувањата на денешен ден мажот треба да пронајде сила и на својата жена да и ги прости гревовите, како што тоа сторил сопругот на Теодроа.




Коментари

коментари