Категории

Денеска e женски празник – жените денеска треба да избегнуваат неколку работи

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 ноември.

Денеска е Св. маченица Кикилија.

Свети Цецилија Римјанка се роди во богато и угледно семејство. Рано се одлучи на девствен живот. Подоцна, родителите ја омажија за некое незнабожечко момче, Валеријан. Уште првата ноќ, Цецилија го посоветува да се крсти и во бракот да продолжат да живеат девствено. Тој се крсти, а подоцна кон Христос го привлече и својот брат Тивуртиј. Не помина многу време, а двајцата браќа беа погубени од римската власт заради нивната вера. А света Цецилија не престануваше да ги придобива незнабошците за верата во Христа, па најпосле и таа беше погубена, во 230 година. Моштите и се наоѓаат во Рим, во црквата што го носи нејзиното име.

Се советува дека на денешен ден не се започнуваат никакви бизниси, а предмети кои денеска треба да се избегнуаат за да се избегне и несреќа се : ножеви, ножици и било какви сечила.

Со оглед на тоа дека според денешниот ден се гледа и какво ќе биде времето во текот на целата година, а денов започна со сонце, следната година нѐ чека убаво време.

Прегледи:
324
Објавено на:
05.12.2017