Десет книги кои треба да ги прочитате оваа есен

Книгата е најдобриот пријател на човекот. Таа има моќ да не однесе во светот каде се повеќе се буди љубопитството, а знаењето од ден на ден станува се поголемо.

Читањето книги е секогаш квалитетно поминато време, бидејќи во книгите се кријат милион тајни го допрва треба да ги отркиеме. Книгата е богатство кое ни помага да учиме нови работи, не забавува и секогаш тука за нас.

Есенскиот, студен период е одличен за читање книги, аатоа во прилог имате нови книги кои задолжително треба да ги прочитате оваа есен.

„Потекло“ – Ден Браун

Новото долгоочекувано дело на Ден Браун оваа есен пристигна и кај нас. Каква авантура не очекува оваа есен од Браун? „Потекло“ ги претставува пријателите и непријателите на Лангдон. Романот започнува со шокантното откритие на милијардерот Едмонд Кирш, кое би предизвикало радикални промени во светот каков што го познаваме. Верните фанови на Браун веќе ја имаат оваа книга на своите полици.

„Преправај се и танцувај“ – Дијана Чејмберлен

После „Неопходни лаги“, приказната која ни ги украде срцата, од Дијана Чејмберлен ни пристигна нова приказна.

Приказна за едно семејство. Додека Моли Арнет и нејзиниот сопруг се обидуваат да посвојат дете, Моли е загрижена дека дека тајната која е чувана многу години, ќе го уништи нејзиниот брак и единствената шанса да посвои дете.

Уште една приказна на Чејмберленд која ќе ни ги исполни есенските денови.

 

 

„Сè започна со бакнеж“ – Миранда Дикинсон  

„Сè започна со бакнеж“ е бестселер на Сандеј Тајмс. Дело во кое го наоѓаме одговорот на прашањата што сè човек би направил за да ја пронајде љубовта на својот живот?

Роми Паркер е жена кога се упатува токму на таква мисија. Дали ќе го пронајде човекот од нејзините соништа? Дали вистинската љубов може да биде поблиску отколку што очекувате? Приказна на која ќе се навраќате секоја есен и зима.

 

 

„Со љубов до Барселона“ – Елизабет Адлер

Од Холивуд Хилс до улиците на Барселона, од бујни лозја и винарски визби до најексклузивните домови во Европа, дозволете Елизабет Адлер да ве одведе на едно незаборавно патување.

 

Ново што ни доаѓа од Адлер е нејзината „Со љубов од Барселона“, приказна за Биби Фортуната која е актерка, пејачка и најпосакувана жена во градот. Таа е уапсена под сомневање за убиство на нејзиниот љубовник и неговата нова љубовница, која исто така ѝ беше најдобра пријателка на Биби.

„Заробено срце“ – Милијана Павловска

Неодамна македонската авторка Милијана Павловска ја имаше промоцијата на својата нова книга. Што ни раскажува Милијана оваа есен?

 

Ќе читате за желбите, очекувањата, страдањето, возбудата, сонот и јавето, спакувани во приказна која ги разбранува емоциите кај читателот. „ЗАРОБЕНО СРЦЕ“ е романот кој е посветен на љубовта кон саканиот, љубовта кон семејството и кон пријателите.

„Сакај ме со лаги“ – Тарин Фишер

Роман кој не учи дека секој потег во живтотот има своја последица.  Кејлеб Дрејк не успеал да ја заборави својата прва љубов, но кога решава да ја врати, сфаќа дека секој потек има висока цена.

Фишер умее секогаш да ни понуди интересни, динамични љубовни приказни. Оваа не е исклучок.

 

 

„Некои бладања од војната“  – Митко Апостолов

Победникот на конкурсот за најдобра книга од млади неафирмирани книжевни автори – Романијада, ни гарантира нешто ново и интересно на македонската книжевна сцена.

Свежа книга со која се најавува сериозен автор на најновата македонска авторска генерација. „Некои бладања од војната“ наменета е за оној тип читатели – сладокусци кои уживаат во книгите во кои можат да најдат слики од своето секојдневие.

 

„Големата зоолошка градина на Кина“ – Метју Рајли

Филмски трилер кој ќе ви даде можност повторно да сe чувствувате како дете кое е дел од една возбудлива авантура. Книга во која е претставена возбудлива авантура, за тајна што кинеската влада ја чува четириесет години. Тие го докажале постоењето на змејови во чиешто откритие никој не можеше да верува дека е реално, но нивното научно откровение ќе го зачуди светот.

 

 

 „Жена во црно“ – Ејли Гоуџ

Романот е приказна за две ќерки од различни семејства, а чии судбински се поврзани. Абигејл Армстронг и нејзината мајка, Розали, работат за семејството Мериведер. Но еден ден, Розали ќе биде обвинета за кражба на дијамантски ѓердан, поради што ќе бидат избркани од куќата. Дваесет и пет години подоцна, Абигејл повторно да ја види нејјзината најдобра пријателка и момчето во кое таа беше вљубена.

После „Жена во црвено“ и „Жена во сино“ ни пристигна уште една возбудлива приказна од Гоуџ, која ќе не стопли оваа есен.

 

 

„Оној што го уби змејот“ – Першон

За љубителите на криминалистички романи „Оној што го уби змејот“ е задолжително четиво. Од мајсторот на скандинавските криминалистички романи, ни доаѓа приказна за истражувањата на еден темелен шведски полицаец, детективот Еверт Бекстром од Националниот оддел за криминални истраги.  Тој има чудна смисла за хумор за криминалните случаи и невидената умешност да ги вознемири речиси сите учесници во истрагата.




Коментари

коментари