Категории

Десет ориентални имиња за девојчиња кои сите ги сакаат

1.Азра
Името е од арапско потекло и значи „девица, невина“.

2.Емина
На арапски значи „верна, чесна“, а постои и варијанта на името Амина, кое се преведува како „жена на мирот и хармонијата“.

3. Селма
Едно од најпознатите женски имиња од арапско потекло чие значење е „здрава“, а според некои толкувања значи и „сигурност, мир“.

4. Аида
Името доби планетарна популарност пред се благодарејќи на една од најпознатите светски опери „Аида“ од Џузепе Верди. Значењето на името е „гостин, посетител“.

5. Алма
Ова име е со повеќе значњеа. На турски јазик значи „јаболко“, на шпански „душа“, на хебрејски „млада жена“, а на латински „плодна“.

6. Белма
Значњето на името е изведено од арапскиот збор balmā`, што значи „14. ноќ на лунарната месечина“, што е некаде на пола од месечевите мени според кои се равни исламскиот календар кој содржи 12 лунарни месеци. Белма значи „ноќ на полната месечина“.

7. Елвира
За значењето на името постојат разни теории, така што значењето не е потполно разјаснето. Според една теорија името е готичко, изведено од Алвара, што значи „онаа на која може да и се верува“, или пак е изведено од два збора, ало (се) и вардс (таа која чува), така што во тој случај би значело „онаа која се чува“. Според втората теорија, името е од арапско потекло и значи „бела, чиста“.

8. Далија
Значењето на името се толкува на повеќе начини. Според едната теорија е од латинско потекло и е изведено од името на растението Далија. Второто толкување вели дека Далија е арапско име со хебрејско потекло и значи „нежна, витка гранка“.

9. Лејла
Значењето на името е „ноќна, темна убавина“.

10. Ламија
На арапски значи „сјајна, светла“. Во грчата митологија ламја била чудовиште.

Прегледи:
1244
Објавено на:
27.10.2017