Децата на принцот Хари и Меган Маркл нема да носат титула на принц и принцеза

Титулите во британското кралско семејство се одредени од пра-пра-дедото на Хари, кралот Џорџ V-ти во 1917 година. Според неговите правила, внуците на синовите на било кој монарх по директна машка линија (односно најстариот син на најстариот син на принцот од Велс), ќе имаат можност да ја носат таа титула.

Иднините деца на принцот Хари и Меган,  нема да носат титула на принц / принцеза, туку ќе бидат лорд/лејди. Но, тоа може да се промени, доколку кралицата Елизабета не се вмеша, како и што направила за децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

За време на бременоста на Кејт во 2012, кралицата направила промени, изјавувајќи дека сите деца на најстариот син на принцот од Велс треба да ја носат кралската титула која ја заслужуваат, односно принц и принцеза.

 

 




Коментари

коментари